Комуникацијата меѓу доскорешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот од „Рекет“, Бојан Јовановски, која била препраќана кај Јасминка Јовановска, мајка на Бојан, е дел од доказите во предметот. Заев му посочува на Јовановски дека тој видел докази за „класичен рекет“ и дека ќе постапи според законите, а Јовановски бара средба кај него, објаснувајќи се дека не го злоупотребил неговото име.
„Сум го покажал многу пати. Од мене никогаш нема да слушнеш дека сум го злоупотребил твоето име. Кога сум имал нешто прво сум ти кажал тебе. Нашиот однос зависи од тебе. Те молам размисли да се видиме. Јас сум ти пријател”, пишува во принт скринот испратен од Јовановски кон неговата мајка Јасминка Јовановска, од комуникација преку телекомуникациска апликација а каде стои името “Зоран Заев”.
„Јас сум претседател на Влада и морам да постапам законски. Извини, но грозно е“, пишува во принт скринот каде се гледа името „Зоран Заев“, а која Јовановски ја препратил кај неговата мајка Јасминка Јовановска.
„Јас никогаш не сум го злоупотребил вашето име. Ве молам да ме примите“, пишува повторно Јовановски до Заев.
„Ги видов доказите Боки. Ова е чист рекет. Јас морам да постапам“, повторно пишува во принт скринот каде е прибележано името на Зоран Заев, а кој Јовановски го испраќал на својата мајка.
Комуникацијата е од прилика една недела пред Заев официјачно го пријави случајот во обвинителството.