А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Докторите заклучија дека Јовановски може да го следи судењето, тој пак, се расправаше со судијката

by Кристијан Ландов11/02/2020 - 12:1111/02/2020 - 12:47622
Share0

Судот констатираше дека Бојан Јовановски нема здравствени проблеми поради кои тој не може да го следи судењето, односно истото да се одложи. Судијката го опомена Бојан Јовановски и неговиот адвокат Сашо Дуковски да не ја нарушуваат работата на судот и дека ќе ги отстрани доколку продoлжат, а Јовановски возврати „Ако сакате обесете ме”.

Добивај вести на вибер

„Пристигна известување во врска со вчерашниот извршен преглед на обвинетиот во кој што не известуваат дека врз основа на извештајот од дежурниот лекар нема елементи кои сугерираат дека обвинетиот не може да го следи судското рочиште. Пристигнати се и резултати каде што е наведено дека: ‘Наодот одговора за хроничен гастрит, малигни или атипични гастритрипични промени не се најдени’”, рече судијката Васка Николовска-Масевска.

Судијката ги опомена одбраната на Бојан Јовановски и обвинетиот да не ја нарушуваат работата на судот.

„Ова е веќе изживување од мене. Ова е манипулација”, викна Јовановски без дозвола од судијката Васка Николовска-Масевска, која пак кажа „Судот заклучува дека има услови за одржување на денешната расправа”.

Јовановски обвини дека доколку судот не каже кои доктори се потпишале на вчерашниот наод од Клиниката за гастро, тоа значи манипулација со јавноста, а судијката Васка Николовска-Масевска возврати „Ова се сериозни обвинувања, ќе ве отстранам од судот ако продолжите со нарушување на редот”, на што Јовановски рече „Ако сакате обесете ме“.

Судењето продолжи.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен