Во севернокорејските медиуми се појавија снимки што ги откриваат плановите за напади врз САД

Од:

Случајно или намерно, но севернокорејски медиуми денеска објавија две снимки на карти, што откриваат планови за напади врз американска територија, како и за способноста на вооружените сили на Пјонгјанг, пренесоа француските медиуми.

Севернокорејската државна агенција објави две фотографии во прилог на информацијата за итно заседание на највисокото раководство, свикано ноќеска од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

north-korea-jong-m

На фотографиите се гледа дека заседанието минува во просторија слична на командна сала. Во заден план се гледа карта, на која пишува „План за напади на стратегиските сили врз американскиот континент“. Линиите на картата се чини ги оцртуваат траекториите на истреланите ракети кон САД.

-Не верувам дека станува збор за грешка, рече портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана. „Мислам дека оваа карта беше намерно објавена, несомнено за да се покажат фактите за воената моќ на Северот“, посочи портпаролот.

Експерти за Северна Кореја сметаат дека таа е предалеку од совладување на технологијата што и дозволува да истрела ракети со голем досег, и покрај тоа што успешно изведува во орбитата ракета со сателит.

north-korea-map-6Ракетите, со кои Пјонгјанг сега располага не можат да стигнат до американските воени бази во Тихиот океан, во Гуам и Хаваи, а уште помалку на самиот американски континент, посочува порпаролот.

На итното заседание Ким Џонг-ун нареди подготовка за ракетни напади врз американскиот континент и американските бази во Тихиот океан како одговор на вежбовните летови со невидливите за радарите бомбардери Б-2 во регионот.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија