Руската тенисерка Марија Шарапова и Американката Серена Вилијамс ќе играат во финалето на ВТА турнирот во Мајами.
Шарапова во првото полуфинале беше подобра од српската тенисерка Јелена Јанковиќ со 6:2 и 6:1, додека Вилијамс ја победи Агњешка Радванска (Полска) со 6:0 и 6:3.
Вилијамс веќе ја има двапати совладано Шарапова на турнирите во градот на американската држава Флорида, а во нивните 14 меѓусебни мечеви.
Американката води со 11:3 во победи. Во својата кариера Серена пет пати победувала во Мајами во седумте финални учества, а Шарапова се уште е без триумф иако има одиграно четири финалиња.