САД бараат „консолидација на мирот“ во Северна Ирска

Од:

Американскиот државан секретар Џон Кери побара денеска „консолидација на мирот“ во Северна Ирска и на мировните продибивки.

Во специјална изјава по повод 15-годишнината од потпишувањето на Договорот од Велики петок за траен мир во Северна Ирска, Кери истакна дека е направен „значаен и инспиративен“ напредок, но дека ветените замисли и определби од документот, сепак, се уште не се комплетирани.

Според американскиот државен секретар, спогодбата направена на Велики петок во 1998 година, кој тогаш беше на 10 април, претставува и „повик за акција“.

Со  Договорот, што во Стормонт во Белфаст го потпишаа тогашните премиери на Велика Британија и Република Ирска, Тони Блер и Берти Ахерн, беше ставен крај на 30-годишните непријателство во Северна Ирска меѓу локалните католици-републиканци и мнозинските протестанти-унионисти. Во терористичките напади и меѓусебните судир, во кои се вклучи и британската војска во обидот да воспостави ред и да ги раздели спротивставените страни, загинаа повеќе илјади луге, а многу повеќе беа полесно и потешко повредени.

Спогодбата беше потпишана и како основа за справување со религиозните и политичките делби во Северна Ирска кои се појавија уште од 1921 година, кога со Договорот меѓу британската Влада и водачот на Шин Фен и на ИРА, Мајкл  Колинс, беше создадена Република Ирска, а шест области во Алстер станаа Северна Ирска, како дел од Велика Британија.

Непријателствата во Алстер избувнаа во шеесетите години на 20 век по незадоволството од статусот на католиците во покраината, што републиканците од ИРА го искористија за обнова на барањето за поворно обединување на Северот со остатокот на ирскиот остров. На повикот за отцепување, одговорија протетстанските унионисти кои се за останување на покраината во Обединетото Кралство.

Во спроведувањето на Спогодба од Велики петок активно е вклучена и Ирска која за целосна реализација на мировниот план мораше да измени и делови од својот Устав.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија