Во гуми на албански „голф“ на Деве баир запленети 12 килограми марихуана

Од:

Цариниците на граничниот премин Деве Баир вчера попладне спречија обид за шверц на 12 килограми марихуана. Дрогата била сокриена во гуми на автомобил со албански регистарски таблички управуван од албански државјанин при негов обид за излез од државата.

Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов денеска на прес-конференција информира дека тоа е прв случај на откривање дрога сокриена во гуми. Пазарната вредност на дрогата  во малопродажба достигнува до 100 илјади евра, а албанскиот државјанин ја транспортирал од Албанија за Бугарија. Претходно договорил да ја продаде на лице од Софија со кое се запознал, според првичните искази, на работа во Италија, по цена од 1.500 евра по килограм.

Цариниците го откриле обидот за шверцување на дрогата откако албанскиот државјанин со возилото „фолксваген голф“ за излез од Македонија не застанал на царинската линија за контрола и се упатил директно на пасошка контрола. Тоа на цариникот му станало сомнително и му наложил да се врати назад, а по нервозното однесување на возачот, одлучиле да направат детален преглед на возилото. Изгледот на гумите бил невообичаен и со испуштање на воздух од нив цариниците почувствувале јака миризба по што е проверена внатрешноста на гумите и е пронајдена марихуаната.

Осомничениот за шверц и купувачот, според Царината, зделката ја договориле пред околу еден месец. Еден ден пред обидот за шверц осомничениот му го дал возилото на лице со иницијали А.К. од кого ја набавил марихуаната за да ја подготви за транспорт сокривајќи ја во гумите. Вчера изутрината осомничениот тргнал од Тирана и во Македонија влегол во 9 часот на граничниот премин Ќафасан. Откако ја поминал контролата се упатил кон граничниот премин Деве Баир каде што пристигнал околу 15 часот и 30 минути.

Царинската управа против осомничениот ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Лицето ќе биде изведено и пред надлежен истражен судија.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ