Тим лекари од Клинички ќе го прегледуваат Бојан Јовановски

Од:

Рочиштето за случајот „Рекет“ е одложено за утре, откако првообвинетиот Бојан Јовановски поради влошена здравствена состојба не се појави денеска пред Кривичниот суд.

Судот нареди конзилијарно мислење од лекари од Клиничкиот центар кои денес ќе го прегледаат Јовановски.
На денешниот преглед пред судењето тој се жалел на болки во стомакот, гадење и нагони на повраќање, а лекарот испратил мислење дека Јовановски не е способен да го следи рочиштето.

„Со цел да се избегне манипулација и злоупотреби со здравствената состојба, судот ќе даде наредба Јовановски да биде конзилијарно прегледан од тим лекари од Клиничкиот центар во Скопје и ќе се утврди дали ќе може да ја следи постапката во понатамошниот тек, за да немаме пред секое судење вакви ситуации“, рече судијката Васка Николовска Масевска.

На денешното рочиште треба да продолжи презентацијата на доказите односно пораките од телефонот на Јовановски, овојпат меѓу него и братот на судијката Весна Димишкова, Васил Димишков.

На претходното рочиште беа презентирани снимките од домот на сведокот, бизнисменот Орце Камчев, кога тој им дава еден милион евра на Јовановски и Зоран Милески Кичеец. Пред јавноста беа презентирани и пораки меѓу Јовановски и Фросина Ременски од СДСМ.

Во случајот Рекет првообвинет е Јовановски, а второобвинета е ексшефицата на СЈО Катица Јанева, за изнуда на пари од бизнисменот Камчев, со цел да биде олеснета неговата положба во случајот Империја каде што тој е осомничен.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава