Српската тенисерка Јелена Јанковиќ не успеа да се пласира во финалето на Мастер турнирот во Мајами, откако денес изгуби од Марија Шарапова со 6:2, 6:1.
Јанковиќ беше 22-ри носител, а покрај освоената титула во Богота, ова и беше најдобар резултат сезонава.
Руската тенисерка нареди 11 натпревари без изгубен сет и се наоѓа во фантастична форма. Шарапова има можност да дојде до првиот трофеј на овој турнир.
Русинката во финалето ќе игра со подобрата од мечот помеѓу Серена Вилијамс и Агњешка Радванска.
Елена Георгиевска