ДОМ: Зелените приоритети клучни за коалициски настап

Од:

Централниот одбор на ДОМ на вчерашната седница, дискутираше за актуелната политичка состојба и претстојните парламентарни избори. По јавната покана од страна на претседателот на СДСМ, до сите коалициски партнери за продолжување на коалициската соработка, Централниот одбор на ДОМ донесе одлука, ДОМ во најкус можен рок, да започне разговори со СДСМ.

Фокусот на разговорите да биде ставен на реализирањето на програмските приоритети на ДОМ и персоналното учество во креирањето и спроведувањето на политиките. По добиените информации, одлуката за настап на ДОМ на претстојните парламентарни избори, Централниот одбор ќе ја донесе на следната седница.

Претходно, Зелената партија ДОМ ја промовираше својата Програма 2020-2024 “Иднината е зелена!” На промоцијата пред присутните се обрати генералната секретарка на Европските зелени, Мар Гарсија. Таа изрази задоволство од позитивните промени во Македонија во споредба со состојбата од нејзината последна посета во 2016 година, истакнувајќи го придонесот на ДОМ. Во знак на поддршка на македонската зелена пратија ДОМ, следниот Совет на Европските зелени ќе се одржи во Скопје, во јуни оваа година.

Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин се осврна на значењето на зелените вредности демократија, владеење на правото, борба против корупцијата, почитување на човековите права, социјална правда, солидарност, заштитата на животната средина и климата. Таа ја истакна потребата од промена на економскиот модел на линеарна економија во зелена циркуларна економија и транзиција од употребата на фосилни во обновливите извори на енергија.

Пратеничката Лилјана Поповска се осврна на корупцијата како најголем загадувач на животната средина и го истакна посветеното и чесно работење на функционери од ДОМ во борбата против загадувањето.

За приоритетите на ДОМ во сферата на животната средина и климата зборуваа Ана Петровска и Мирослав Богдановски, а за зелените градови и урбанизмот Христина Оџаклиевска. За надворешната политика зборуваше Емил Крстески, а Ервин Реџепагиќ се осврна на енергетиката и дигитализацијата. Љупчо Јаневски го истакна значењето на еко туризмот за развој на зелената економија. За човековите права и владеењето на правото говореа Христа Најданов, Силвана Кржовска и Соња Петрушева. За програмските заложби на ДОМ во здравството зборуваше Ана Угринска, за културата Нада Пешева, а за образованието Олгица Вељковиќ и Бети Дејанова. Бојан Петровски се осврна на приоритетите во младинските политики. Модератор на настанот беше Мартин Каровски.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски