Во индустриската зона Иванидол во Кичево осамнаа графити: „Смрт за Шиптари“.
Објектот е во сопственост на Е.А. (со албанска националност), а делото е направен еден ден по посетата на премиерот Никола Груевски на Кичево, кој најави дека Кичево е и ќе остане Македонија.
Неодговорноста на политичките претставници во земјата, само за да освојат повеќе гласови, влијае лошо кај граѓаните и ја зголеми омразата меѓу етничките групи, овие денови може да се види и во коментарите по социјалните мрежи.