Претседателот на Србија, Томислав Николиќ оцени дека претходниот Сојуз за односи со Србите во регионот работеше колку што сакаше, а не колку што мораше и колку што беше потребно.
На нас е да работиме повеќе и подобро, отколку сега. Србите мора да се чувствуваат Срби, дека државата се грижи за нив, каде и да се наоѓаат – изјави Николиќ.
Тој исто така напомена дека медиумите имаат големо влијание и мора да бидат на највисоко ниво, за да се зачува традицијата, културата и историјата на српскиот народ.
На седницата на Сојузот за односи со Србите во регионот, која што се одржа денес во Претседателството на Србија учествуваше и претседателот Николиќ.
Беа усвоени шест точки на дневниот ред, а за секретар на Сојузот е избрана претседателката на Матица на иселеници, Јелена Киш.
Елена Георгиевска