МЗТ Скопје Аеродром прв полуфиналист во купот

Од:

Бранителот на трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром е првиот полуфиналист на завршниот турнир од ова натпреварување што од вечерва до недела се одржува во „Спортскиот Центар Борис Трајковски“.

Аеродромци во првото четвртфинале рутински со убедливи 47 разлика ја победија Струмица. Во ниту еден дел од натпреварот победата на големиот фаворит не беше доведена во прашање. Конечниот резултат е 98:51. По четвртини 27:15; 19:12; 22:14 и 30:10.

Најеикасен играч во четата на Алеш Пипан беше Tодор Гечевски со 15 постигнати поени, а двоцифрен ефект имаа и Дамјан Стојановски 14, повратникот во тимот Ноа Далман – 11, Горјан Марковски и Никола Оташевиќ по 10.

Кај струмичани најдобри беа Немања Арсиќ со 15 и Александар Јевдиќ со 14 реализации.

Вечерва од 20 часот и 45 минути е вториот четвртфинален дуел во кој се среќаваат Работнички и Фени Индустри.

Другите две средби од четвртфиналната фаза се играат утре.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ