Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за 16 февруари свикал неформален состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан, на кој ќе учествува и Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска земја актуелен претседавач со Советот на Унијата.
Според извори од ЕС, на состанокот ќе учествуваат и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.
Состанокот, кој ќе се одвива во форма на работна вечера, е свикан во рамки на подготовките за самитот на сите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 6 и мај во Загреб, пренесува “Н1”.
Свикувањето на состанокот следи неколку дена откако Европската комисија го објави предлогот за новата методологија за проширување на ЕУ.
ЕК предлага нова и построга методологија на преговори за пристапување во ЕУ што беше услов на Франција за отворање на преговорите со С.Македонија и Албанија.