Дизни се извини на училиште казнето поради прикажување на „Кралот лав“

Од:

Компанијата Волт Дизни се извини на училиште од Калифорнија што беше глобено со 250 долари поради прикажување на „Кралот лав“ за време на хуманитарен настан.

„Лиценцирање на филмови САД“ во име на Дизин побара од основното училиште Емерсон во Беркли да плати казна поради нелегално прикажување на филм за време на хуманитарен настан каде биле собрани 800 долари, минатата година. Бидејќи училиштето немало лиценца од Дизни, било побарано од нив да платат 250 долари.

Претседателот на Здружението на родители и наставници, Дејвид Роуз го купил филмот од продавница на Бест Бај. Претставниците на училиштето биле шокирани кога ја добиле сметката, кои не знаеле дека прекршиле некое правило, изјави Роуз.

– Хуманитарниот настан собра 800 долари, па ако мораме дадеме една третина од парите на Дизни, нека биде така. Лекцијата е научена, изјави Роуз.

Но извршниот директор на Дизни, Боб Игер на Твитер напиша извинување до школото во име на компанијата и напиша дека лично ќе донира пари на училиштето.

Би можело да ве интересира

Повлечени средства за дезинфекција на рацете на Дизни, содржат канцерогени материи

А1он

Почина Рути Томпсон, легендарна цртачка на старата „Дизни“

Ана Ололовска

Скарлет Јохансон го тужи „Дизни“ за стрим на „Црна вдовица“

Ана Ололовска

„Дизни“ затвора 18 ТВ канали во Југоисточна Азија и Хонгконг

Ана Ололовска

„Дизни“ на Денот на планетата Земја со нови еколошки планови

Ана Ололовска

Отворање на „Дизниленд“ од 30 април, но само за граѓаните на Калифорнија

Ана Ололовска