ЕУ итно бара непречен хуманитарен пристап во Идлиб

Од:

Европската Унија ги повикува сите страни да им стават крај на бомбардирањата врз цивилите и да дозволат непречен пристап за европската хуманитарна помош на терен.

-Бомбардирањата и другите напади врз цивилите во северозападна Сирија мораат да престанат. Европската Унија итно ги повикува сите страни во конфликтот да дозволат непречен хуманитарен пристап за луѓето на кои им е потреба асистенција и да ги почитуваат правилата и обврските на меѓународното хуманитарно право, вклучително и заштитата на цивилите, повикаа утрово преку заеднички став високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел и еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич.

Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, Борел и Ленарчич потсетуваат дека зголемените воени напади во Идлиб доведоа до стотици жртви цивили и дека густо населени места постојано се таргетирани, вклучително болници и центри за внатрешно раселени лица.

-Над 500 илјади луѓе беа присилени да ги напуштат своите домови во последните два месеца и се соочуваат со тешки зимски услови без да можат да си ги покријат најосновните потреби, вода, храна, здравствена заштита. Сериозните нарушувања на меѓународното хуманитарно право станаа вообичаена работа, нагласуваат ЕУ претставниците.

Европската Унија и нејзините земји членки се меѓу главните донатори на хуманитарна помош во Сирија.

-Над 17 милијарди евра се мобилизирани за помош на најранливите лица во Сирија и во соседните земји. ЕУ ќе продолжи да обезбедува хуманитарна помош сѐ додека тоа биде потребно. Непречен и безбеден пристап е неопходен за да може да се одговори на потребите, стои во соопштението.

ЕУ порачува дека страдањето на цивилите во Сирија е неприфатливо и потсетува дека решението на терен не може да биде воено.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп