НСОН: Зошто секторот образование е изземен за „К-15“

Од:

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) будно ги следи случувањата кои го засегаат остварувањето на правата од работен однос на вработените во секторот образование со цел навреме и соодветно да реагира во насока на нивна заштита.

Како НСОН ја поздравуваме одлуката за враќање во сила исплатата на регрес за годишен одмор (популарно К-15), одлука но во исто време прашуваме:

Зошто секторот образование е изземен, а вработените во овој сектор се донесени во понеповолна позиција од другите вработени во јавниот сектор?

Зошто вработените во секторот образование се секогаш последни на листата за унапредување на работнички права?

Ги повикуваме вработените во образование уште помасовно да пристапат во НСОН, со цел постигнување на репрезентативнсот и потпишување соодветни Колективни договори.

Во меѓувреме, го потсетуваме репрезентативниот синдикат СОНК дека треба да се преземат соодветни мерки за надминување на нееднаквоста која ги засега вработените во образование.

Постои големо незадоволство кај просветните работници по однос на настанатата дискриминација и поради тоа го поттикнуваме репрезентативниот синдикат СОНК, доколку не дојде до брзо решение да го искористи правото на започнување на штрајк на кој ќе добие поддршка од мнозинството на вработени во секторот образование, стои во соопштението на НСОН испратено до медиумите.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати