А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието расправа по Дополнетиот предлог закон за енергетска ефикасност

by А1он05/02/2020 - 14:57395
Share0

Собранието на денешното продолжение на 131. седница ги изгласаа Законот за ратификација на Амандманот кон Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, како и Законот за ратификација на Минамата Конвенција за жива.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претениците ги донесоа Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2020 година, како и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2020 година.

Во Собранието почна и расправата по Дополнетиот предлог закон за енергетска ефикасност во второ читање.

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Зоран Илијоски рече дека со овој закон се врши усогласување со директивите на Европската комисија нешто, што според него, требаше да биде завршено пред две години. Тој додаде дека ова всушност говори како работи оваа Влада.

Следете a1on на Youtube YouTube

Овој закон, како и многу закони досега е испратен на Комисијата за европски прашања, а не на матичната Комисија за економски прашања. Според Илијоски, власта се обидува на мала врата да ги протне измените на овој закон.

Диме Велковски од СДСМ реплицирајќи му на Илијоски рече дека со ова законско решение се формира енергетски фонд од 25 милиони евра, кој што има за цел да се направат енергетски ефикасни јавните згради заради заштеда на енергија и за намалување на загадувањето.

По редовната пауза пратениците попладнево ќе продолжат со дискусија по оваа точка од дневниот ред.

На 131. седница се и предлог-измените на Законот за надворешни работи, Предлог-законот за Агенција за проверка на носители и кандидатите за носители на јавни функции, Предлог-измените на Законот за надворешни работи, Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање…

sobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео