Вучиќ мора да пресече за Косово, порачаа САД и ЕУ

Од:

Вашингтон и Брисел инсистираат на поголема ангажираност на првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за одбрана, лидерот на Српската напредна партија Александар Вучиќ во разговорите за Косово во Брисел, пишува денеска весникот „Блиц“.

Американците, според весникот, на Вучиќ веќе му упатиле официјален повик, заедно со премиерот Ивица Дачиќ да се појави на финалната рунда преговори за Косово, на 2 април во Брисел.

Повикувајќи се на меѓународни дипломатски кругови „Блиц“ пишува дека Американците по тој повод имале контакт со Претседателството на Србија, а на Вучиќ му е пренесена и пораката на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон дека и таа би сакала да го види како учесник во следната рунда во Брисел.

Во тек е интензивна размена на пораки. За Вучиќ не е од суштинско значење, кој ќе ги предводи разговорите, туку дали е можно да се пронајде решение. Поради тоа тој следните денови со Томислав Николиќ и Дачиќ ќе се договорат за евентуалното учество во дијалогот на 2 април.

Претставници на кабинетот на Вучиќ за „Блиц“ изјавија дека нему му е поважна суштината на тој состанокот, од формата, односно кој ќе учествува на него.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ