Надал во Кувајт отвора филијала на својата академија

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, денес во Кувајт ќе отвори филијала на академијата „Рафаел Надал“ во базата на меѓународниот тениски центар на Шеикот Ал-Ахмед.

Академијата располага со 18 терени со капацитет од вкупно 5.000 гледачи од кои 1.500 за централниот терен.

Надал од вчера се наоѓа во Кувајт каде денес ќе одигра ревијален натпревар со сонародникот Давид Ферер.

За потсетување, в сабота, 19-кратниот шампион на Грен слем турнирите, во Кејп Таун (Јужна Африка) ќе одигра меч со Роџер Федерер.

Средствата од овој дуел ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Би можело да ве интересира

Надал никогаш поемотивен: „Моето тело веќе долго време испраќа сигнали…“

Надал подобар од Де Минор во Мадрид, се реваншира за поразот од Барселона

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен