За новиот состав на Комисијата за антидискриминација ќе одлучуваат новите пратеници

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го утврди предлогот Орхан Адеми да биде нов заменик директор на Државниот завод за ревизија. Арбен Исаку е предложен за нов член на Советот на јавни обвинители.

На седницата не се расправаше за изборот на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која можно е новиот состав да го добие од следниот Парламент. Седницата беше прекината пред оваа точка, но пратеничката Ивана Туфекчиќ побара од претседателот на Комисијата Илија Димовски неделава да се организира расправа и да се изберат членовите. Туфекчиќ рече дека ова не треба да зависи од изборите и оти е важно да добиеме нова Комисија за антидискриминација.

Димовски, кој истакна дека на овој втор оглас се пријавиле квалитетни кандидати, рече дека треба да се консултира со претседателот на Собранието и со координаторите на пратеничките групи во смисла на динамика на одржување на седници, за да се види дали има време да се организира расправа. Исто така тој рече дека ќе се консултира и дали може оваа постапка да продолжи со другиот парламентарен состав.

Комисијата одлучуваше по повеќе точки, но бидејќи немаше предлози за членови на некои од комисиите за доделување награди, нивниот избор ќе го направи следниот собраниски состав. Станува збор за наградите „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Свети Климент Охридски“, „Мајка Тереза“ и „11 Октомври“.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали