Генералната секретарка на Европските Зелени, Мар Гарсиа во посета на ДОМ

Од:

Делегација на Европската зелена партија предводена од генералната секретарка, Мар Гарсиа од 5-ти до 8-ми февруари ќе престојува во Скопје, во посета на зелената партија ДОМ.

Посетата се реализира со цел започнување на подготовките за претстојниот Совет на Европските Зелени што ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Скопје, оваа година.

Во рамките на посетата, Мар Гарсиа ќе учествува како панелист на трибината организирана од ДОМ на тема „Перспективите на македонската евроинтеграција”, која ќе се одржи на 6 февруари во хотел Арка, со почеток во 12 часот.

Наредниот ден таа ќе оствари средба со техничкиот премиер, Оливер Спасовски и досегашниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

На 8 февруари, генаралната секретарка на Европските Зелени ќе се обрати на свечената промоција на Програмата 2020-2024 на зелената партија ДОМ, во Сити Хол, со почеток во 12 часот.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!