Кина призна пропусти во реакцијата на ширењето на коронавирусот

Од:

Кинеското раководство призна дека имало „пропусти и недостатоци“ во реагирањето на државата на ширењето на смртоносниот коронавирус.

Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, со кој претседава шефот на партијата, Си Џинпинг, соопшти дека мора да се поодбри системот за реакција во кризни ситуации, како и дека Кина мора да ги засили капацитетите во решавањето на ургентните и опасни задачи.

Комитетот, исто така, соопшти дека мораат да се извлечат поуки од, како што се наведе, „големиот тест“ за кинескиот систем, објави Ксинхуа, а пренесе Би-Би-Си.

Со одлука на Политбирото наложена е забрана за илегална трговија со диви животни, како и засилен надзор врз пазарите.

Вухан, жариштето на епидемијата, останува „ главниот приоритет“ и таму ќе биде испратен дополнителен медицински персонал, наведува Постојаниот комитет на Политбирото.

Во него се додава дека функционерите треба да ја преземат целосната одговорност во превенцијата на епидемијата, а тие што тоа нема да го прават да бидат казнети.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио