Претседателот на Србија, Томислав Николиќ му пренесе на претседателот на Управниот одбор на Гаспром, Алексеј Милер дека на Србија освен руските инвестиции, драга и е и поддршката на Русија за зачувување на територијалниот суверенитет и интегритет на Србија.
Србија во досегашните преговори со албанската страна во Брисел направи максимум, пред се за зачувување на мирот и стабилноста во регионот. Сега на ред е и втората страна, изјави Николиќ.
Претседателот на Србија истакна дека нивната држава и Русија ги поврзуваат традиционалните пријателски односи, кои успешната економска соработка само ги зајакнува.
Руските инвестиции во областа на енергетиката ќе и помогнат на Србија да го покрене стопанството и да отвори нови работни места, изјави Николиќ.
Милер на Николиќ му го пренесе поздравот на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин и истакна дека Русија активно работи на сегашните и идни инвестиции во Србија.
Претседателот на Управниот одбор Гаспром истакна дека Русија и Србија ги поврзуваат низа капитални проекти, кои успешно се реализираат.
Елена Георгиевска