Кинеските граѓани користат апликации за да избегнат квартови каде што е присутен коронавирусот.
Компаниите „Квант Урбан” и „Ви Чет” дизајнирале платформи кои ги преземаат официјалните информации за квартовите со потврдени случаи на коронавирус и ги претвораат во мапи што им помагаат на корисниците да ги избегнуваат тие места.
Мапите на “Квант Урбан”, кои можат да се отворат во интернет пребарувачите, опфаќаат уште девет градови во покраината.
„Шенжен би можел да има поголема епидемија во следните неколку дена, а податоците од Владата слабо се објавуваат”, вели Ејприл, менаџерка од Шенжен, којa одби да го даде целосното име.
„Погледот на мапата дава психолошко олеснување. Не можете да знаете дали ќе има нови случаи, но можете да ја избегнете областа што веќе е погодена”, истакна таа.
Двете платформи се потпираат на работата на волонтери, кои секојдневно ги ажурираат информациите за коронавирусот.