Ердоган: Невозможно е да се контролира ситуацијата во Идлиб

Од:

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска оцени дека станало невозможно да се контролира ситуацијата во северозападната сириска провинција Идлиб, откако сириските сили во офанзива во бунтовничките области убија петмина турски војници, а Анкара одговори на нападите на сириската армија.

Претходно денеска, Ердоган рече дека и порачал на Русија „да се држи по страна“ за време одмазничките турски напади на силите на сирискиот претседател на Башар Ал Асад, кому Москва е главен сојузник.

Во Киев, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Ердоган рече дека речиси милион луѓе од Идлиб се упатуваат кон турската граница поради сириската офанзива.

Турскиот претседател веднаш најави одмазда за нападот врз турските сили во Идлиб, по информацијата дека четворица турски војници се убиени, а деветмина се повредени во напад на сириската армија.

Според првичните проценки, 30-35 сириски војници загинале во турскиот одговор, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години