Постојат неколку најмаркантни градови во светот, еден од нив е и тивкиот и магичен град Салцбург или градот од бајките.
Салцбург е четвртиот град во Австрија по големина, сместен во средишниот дел на државата.
Градот претставува административен, економски и културен центар на регионот Салцбург.
Познат е по барокниот стил на архитектура, класичната музика благодарение на Моцарт кој се родил таму, како и по убавите зимски центри, затоа тој е заштитен од УНЕСКО.
Доколку сте вљубеник на класичната музика и сте во можност да патувате, вие дефинитивно треба да го посетите Салцбург и истоимениот фестивал на класичната музика.
Почнувајќи од 18 јули до 30 август оваа година планирани се околу 200 перформанси во период од 44 дена, ќе има банкети од опера, концерти, симпфонии и друг вид на настани.
Ваквата спектакуларна програма е поради 100 годишнината од Салцбуршкиот фестивал.
Дополнителни информации за настанот на овој линк.