Демонстрации против номинацијата на Мохамед Алави за мандатар на ирачката Влада

Од:

Антивладините демонстранти во Ирак синоќа демонстрираа заради номинацијата на Мохамед Алави за мандадар за состав на новата ирачка Влада и со тоа го зголемија бројот на предизвици што тој ќе мора да ги совлада со цел да ја реши повеќемесечната криза во земјата.

Синоќа се појавија нови поделби меѓу демонстрантите и приврзаниците на политичарот и шиитски имам Муктад ал-Садр, кој првично застана зад граѓанскиот бунт, а сега почна да се врти кон политчката елита бидејќи таа за мандатар го избра Алави, кого тој го поддржува.

Ал-Садр на приврзаниците меѓу демонстрантите во Багдад и на југот од земјата синоќа им изјави да ги одблокираат патиштата и да го овозможат нормалниот живот, со што го предизвика гневот на насобраните кои сметаат дека со ваквиот став тој ги издал.

Алави (66), поранешен ирачки министер за телекомуникации, вчера за мандатарот го определија спротивставените политички групи, по повеќемесечни преговори што овозможија излез од ќорсокакот.

Стотици студенти на собири во Багдад и на југот од Ирак, меѓутоа, изразија противење на номинацијата на Алави. Демонстрантите на мостовите и приодите околу плоштадот Тахрир закачија слики на Алави пречкртани со големата буква „икс“(Х) .

– Не го сакаме Алави бидејќи тој е член на партија избран од повеќе партии. Ние сакаме независен кандидат, рече Хади Сафир, еден од багдадските демонстранти.

Други демонстранти, пак, имаа малку подипломатски став, наведувајќи дека ќе сочекаат да видат како Алави ќе ги исполни ветувањата за одржување вонредни извори.

Бунтот на Ирачаните почна на 1 октомври кога илјадници лица излегоа на улиците, критикувајќи ја раширената корупција, лошите јавни служби и недостигот од работни места. Тие бараат темелни реформи на ирачкиот политички систем. нонредни избори и повлекување на владечката елита.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак