Предлогот на Ештон одбиен од Белград

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон во текот на седмата рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово понудила, а Белград одбил, концепт на Заедница на српски општини на Косово без извршни надлежности, освен ако тоа го дозволи Приштина.

Во документот со осум точки, кој целосно го пренесува интернет страницата на РТС, нагласувајќи дека станува збор за предлог кој Ештон му го дала на српскиот премиер Ивица Дачиќ за време на последната рунда преговори на 20 март во Брисел, Заедницата на српските општини се нарекува и „асоцијација“.

На листата на надлежности кои би биле „стратешки надгледувани“ се наоѓаат „економскиот развој, образованието, здравство и останатите локални прашања од општ интерес или значење“, а останатите, дополнителни надлежности „во иднина можат да им ги доделат централните власти“.

По оваа средба е соопштено дека Белград и Приштина „не се ниту блиску, ниту далеку“ од решение, дека нема договор, но дека е постигнат напредок.

Со предлогот се предвидува „асоцијацијата“, односно „заедницата на српски општини“ би била формирана „од општини со српско мнозинство на Косово и ќе го одржува нивниот идентитет“.

Оваа заедница би имала статут, а би можела да се распушти единствено со одлука на општините кои во неа учествуваат.

Како што се наведува, „согласно Европската повелба за локална самоуправа и закон на косово, општините кои учествуваат можат да одлучат дали ќе ги поделат надлежностите и ќе ги извршуваат преку Асоцијацијата/Заедницата“.

Таа асоцијација би „ја претставувала српската заедница пред централните власти и на тој начин ќе има место во Консултативниот совет на заедниците“.

– Локалните избори во северните општини ќе се одржат оваа година, со помош на ОБСЕ согласно косовските закони и меѓународни стандарди, се наведува во последната, осма точка.

Белград оваа понуда ја одби. Продолжението на дијалогот меѓу Белград и Приштина е закажано за 2 април.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ