Момче удри со автомобил во една од главните знаменитости на Берлин, Бранденбуршката порта.
Дваесет и две годишното момче од засега непознати причини удрил во еден од столбовите на светски познатиот споменик, соопшти локалната полиција.
Според полицијата првичните сознанија покажуваат дека возачот не бил пијан и оти се обидел да закочи пред да удри во споменикот.
Тој е хоспитализиран со скршеници на клучната коска и е надвор од животна опасност.
Полицијата нагласи оти во несреќата е причинета незначителна материјална штета на столбот на Бранденбуршката порта.