А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Судењето за „Рекет“ продолжува на 6 февруари

by А1он31/01/2020 - 14:2631/01/2020 - 14:29368
Share0

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 6 февруари, откако на денешното рочиште беа презентирани материјални докази. На следното рочиште ќе се продолжи со презентирање докази, а на ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.

Добивај вести на вибер

Во судница денеска беа презентирани фотографии од предмети одземени од домот на Катица Јанева во Скопје и Гевгелија, во нејзината канцеларија во СЈО, како што се мобилни телефони, лап топ, два надворешни хард дискови, десет УСБ-а, фактури и белешки.

Одземената кожна аголна гарнитура и дрвена маса од домот на Јанева во Скопје, како што се виде од изнесените фотографии, биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот во Тетово.

Беа презентирани и фотографии од одземениот мебел од домот на Јовановски во Орман. Одземен бил луксузен мебел, столици, маси и разни украси, додека од претресот на деловното лице ТВ1 и канцеларијата што ја користел Јовановски се гледа дека биле одземени, компјутери и опрема, тефтери и документи, како и уметнички слики.

Обвинителството предложи доказите од претресот на домот на Зоран Милевски – Кичеец да се повлечат, со оглед дека тој призна вина и за него сега е одвоена постапката, но одбраната на Јовановски не даде дозвола и тие беа презентирани. Од презентираните фотографии можеше да се видат одземени оружје, мобилни, лап топи и УСБ-а.

По завршувањето на денешното рочиште, адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска, рече дека денеска јавноста имала прилика да види дека торбата „Луј Витон“ одземена при претресот кај Јанева не е истата со таа што ја споменува сведокот.

– Имавте прилика да видите дека не станува збор за истата торба. Другите одземени предмети се телефони и лап-топи, не е ништо значајно, рече Фрчковска.

Во однос на тоа дека во судница биле презентирани фотографии од одземена голема количина оружје, Фрчковска рече дека тоа било од претресот во домот на Милевски.

За содржината на белешките одземени при претресот во домот на Јанева, на кои се гледа името на Бојан Јовановски, адвокатот Дељо Кадиев, рече дека и во судница реагирале зошто тие докази обвинителството пропуштило да им ги даде.

– Ние тие докази ги немаме и ги побаравме. Треба да видиме за што се работи. Обвинителството пропуштило да ни ги даде. Тоа што е дадено е снимено на УСБ и се гледа, веројатно е пропус што судот сега ќе го исправи. Ќе видиме за што се работи. Од кого се пишувани и дали се некои белешки за свои луѓе, изјави Фрчковска.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен