Фон дер Лајен: Приоритетите на ЕУ не се менуваат поради Брегзит

Од:

Претседателите на трите главни институции на ЕУ утрово порачаа дека жалат што Обединетото Кралство одлучи да ја напушти Унијата, но нагласија дека нивна должност е да ги бранат интересите на европските граѓани и држави.

Агендата на ЕУ нема да се смени по истапувањето на Британците од ЕУ, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Да нема забуна: предизвиците со кои се соочува ЕУ не се сменија поради Брегзит – климатските промени, дигиталната револуција, управувањето со миграцијата на ефикасен и човечки начин, градењето партнерства низ светот. Сакаме најдобро можно партнерство со Обединетото Кралство но ниедно нема да биде толку добро како членството, изјави Фон дер Лајен.

Обединетото Кралство на полноќ денеска формално нема повеќе да биде земја членка на ЕУ. Веќе идната недела интензивно ќе започнат преговорите за идното партнерство меѓу двата блока, каде главна тема ќе биде заемниот пристап до пазарите, почитувањето на стандардите – економски, здравствени, за животна средина, итн.

Транзицискиот период ќе трае до 31 декември годинава, до јули двете страни имаат можност еднаш да го продолжат транзицискиот период за една или две години. За време на овој период, Британците мораат да продолжат да го почитуваат правото на ЕУ.

За преговорите за идното партнерство меѓу ЕУ и Обединетото Кралство повторно ќе биде задолжен Французинот Мишел Барние.

– Јасно и гласно кажуваме дека сакаме да задржиме колку е можно потесно партнерство со Обединетото Кралство, но колку повеќе Британија одлучи да се оддалечи од стандардите на ЕУ, толку помалку пристап ќе има до внатрешниот пазар, изјави претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Европската Унија го почитува изборот на британските граѓани, и дека Обединетото Кралство останува сосед на ЕУ кој ги споделува истите предизвици во областа на безбедноста, економијата, социјалните стандарди и животната средина.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он