Спасовски се сретна со кандидатот за амбасадор во Албанија, Данчо Марковски

Од:

Премиерот Оливер Спасовски се сретна со Данчо Марковски, кандидатот за амбасадор на земјава во Албанија, со кого разговарале за односите меѓу двете земји и нивниот развој во иднина.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата заеднички е констатирано дека е од интерес на нашата држава продолжувањето на добрососедските односи со Албанија на политички и на економски план, како и во делот на заштитата и перспективите на македонското национално малцинство и на граѓаните од нашата држава кои живеат и работат таму.

Оценето е дека воспоставената добра соработка меѓу двете држави е добра основа за интензивирање на односите на економски план и во областа на културата.

Премиерот Спасовски му го честиташе на амбасадорот Марковски назначувањето на позицијата и најави поддршка од Владата на сите проекти и активности од државен интерес.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски