Спасовски се извини на туристите кои беа вербално нападнати и апелира на одговорност

Од:

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска упати извинување до туристите кои вчера беа вербално нападнати во центарот на Скопје, а за што беше објавено видео на социјалните мрежи. Очекува брза и ефикасна постапка од Министерството за внатрешни работи и санкции и апелира на одговорност кај граѓаните.

– Говорат на омраза, недоличното однесување, говорот којшто создава фрустрации и конфронтации во македонското општество е непожелен. Дури и тогаш кога се употребува во политички цели тоа создава поголеми конфронтации и меѓу населението. Им се извинувам на туристите и апелирам на одговорност кај граѓаните, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Преку каков било вербален или физички напад кон никого, како што потенцира, не може да се реши кој било проблем.

– За секој од проблемите постојат институциите и очекувам дека МВР, министерот ќе постапат брзо, ефикасно, ќе преземаат мерки и ќе се преземаат соодветни санкции кон секој кој го нарушува интегритетот, достоинството на секој човек без разлика дали е тоа граѓанин на Северна Македонија или е некој турист којшто се наоѓа во посета на Северна Македонија. Сите треба да бидеме длабоко свесни дека сите сме лицето на државата. Одговорност кон државата имаме сите, безбедноста сме сите, не се само институциите на системот, туку секој граѓанин, медиумите, институциите на системот, претпријатијата итн, наведе Спасовски.

Видеото што беше објавено на социјалните мрежи покажува дека извесно лице вербално напаѓа туристи, во контекст на корона вирусот.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција