А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бојан Јовановски бара одземената гардероба и предметите да се презентираат во судница

by А1он30/01/2020 - 11:4130/01/2020 - 13:141145
Share0

Обвинителството при претресот во домот на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 одземало голем дел брендирана гардероба и разни други предмети, рече на денешното рочиште за случајот „Рекет” обвинителката Ивана Трајчевска, читајќи ги материјалните докази.

Добивај вести на вибер

– Од гардероба се одземени 77 пантолони, 50 пара кондури, 15 пара патики, 15 пара чизми, 50 пара наочари, три часовника од марката ,,Ролекс”, ташни, маси, теписони, украси сваровски и други предмети. Во домот на Јасминка Јовановска, мајка на обвинетиот Јовановски, се одземени 100 банкноти од по 50 евра, рече обвинителката Трајчева.

Додека се читаа доказите, обвинетот Бојан Јовановски, рече дека одземањето на облеката е преседан, бидејќи никој досега не бил оставен без гардероба.

-Барам сите овие докази, поединечно да се презентират пред суд, рече Јовановски. Но, судијата Васка Николовска-Масевска, го отфрли оваа барање.

Обвинителката Трајчева рече дека од канцеларијата на Катица Јанева во СЈО одземени се седум усб стикови, еден лаптоп и два надворешни хард дискови.

Во продолжение на презентирање на материјалните докази за предметот ,„Рекет”, обвинителката Трајчева истакна дека во домот на обвинетата Јанева во Скопје, се одземени, уште два усб стика, еден латоп и една кожна ташна „Луј Витон”.

Инаку, одбраната на обвинетите во случајот „Рекет”, најави дека како сведок ќе го повикаат и Зоран Милевски – Кичеец, осуден во овој предмет.

Судењето за „Рекет” е во тек.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен