Николиќ: Ако треба ќе ги промениме и законите

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ на средбата со шефот на мисијата на Еулекс, Бернд Борхарт изјави дека Србија е подготвена да донесе нови закони, и очекува во преговорите Косово да искаже подготвеност за промена на своите прописи.

Преговорите се тешки, бидејќи законите кои што ги донесоа привремените институции на Косово, се поставуваат како аксиоми, а за да се реши проблемот потребно е да се покаже подготвеност тие закони да се променат, како што и Србија е подготвена да донесе нови закони –стои во соопштението од канцеларијата на претседателот на Србија.

Николиќ нагласи дека државниот врв на Србија со преговорите со претставниците во Приштина треба да постигне трајно и праведно решение на проблемот за јужната српска покраина.

Претседателот на Србија додаде дека заедницата на српските општини на Косово треба да ги замени паралелните институции на Србите во таа област.

Шефот на мисијата на Еулекс, Борхарт истакна дека мисијата која што ја води е неутрална и дека нејзина цел е да се воспостави мир во регионот.

Тој додаде дека се раководат со принципот да помагаат на сите, но дека за таа цел им е потребна соработка.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ