Јапонските власти денеска издадоа налог за апсење на поранешен војник на американските специјални сили и за уште две лица заради сомнение дека му помогнале на поранешниот директор на „Нисан“ Карлос Гон нелегално да излезе од земјата.
Налог за апсење е издаден и за Гон заради илегалното напуштање на земјата, соопштија обвинителите.
Гон кон крајот на минатата година побегна во Либан, каде живеел како дете, додека го чекаше судењето по обвиненијата за финансики малверзации, прекршување на довербата и злоупотреба на фондовите, што тој го негираше.
Либан и Јапонија имаат 40 дена да одлучат дали Гон ќе биде испорачан на Јапонија или ќе му се суди во Либан, јавија британските медиуми.
Двете земји немаат договор за екстрадиција и Либан вообичаено не ги испорачува своите државјани.