Србија: Генерацијата родена во 90-те незаинтересирана за културата и не ги сака другите

Од:

Во Србија е спроведено истражување „Вредностите и културниот активизам на матурантите во Србија, со цел да се утврди како размислува генерацијата родена во воените конфликти и транзицијата во 90-те години, од Заводот за истражување на културниот развој.

Српскиот матурант, според истражувањето, сака излегувања, тв и мода, не сака класична музика, музеи и книги. Нема идоли, но ги почитува Бора Ѓорѓевиќ, Јелена Карлеуша, Гадафи и Легија. Не сака контакти со Албанците и главно не знае што да мисли за човековите права, демократијата и односите меѓу половите.

Авторите на истражувањето ги испитувале културните, општествените и уметничките вредности на учениците во завршните класови на гимназија и средни стручни училишта во Србија.

Според Бојана Субашиќ, авторка на студијата, загрижува тоа што 40 отсто од матурантите немаат никаков однос кон нацијата, авторитетот, демократијата.

Српските матуранти најголема нетрпеливост изразиле кон Албанците (65,2 отсто), Ромите (48,7), Хрватите (43). Она што ги изненадило истражувачите, е големата етничка дистанца кон Евреите (38,9 отсто испитаници не сакале допир со нив).

Етничката нетрпеливост најмногу е изразена меѓу Белграѓаните, а најмалку меѓу жителите на Војводина.

Младите родени во 90-те најмогу слушаат поп, рок и техно. На тв најчесто следат филмови, серии, спорт, музички емисии, а најмалку ток шоу и реално шоу.

Помалку од четвртина традиционалисти и секој втор либерален ученик умеат да наведат барем една демократска вредност.

Според истражувачите, најголем проблем што произлегува од истражувањето е незаинтересираноста на младите за културни содржини и можноста за омраза кон другите. Напоменуваат оти тоа е така и покрај граѓанското воспитание во училиштата.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ