(ВИДЕО) Судијката Мери Дика: Со мајка му на Боки 13 патувавме во Милано, претходно тие беа просечно македонско семејство

Од:

Апелациската судијка Мери Дика Георгиевска сведочи пред судот за случајот „Рекет“ каде што обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО, Катица Јанева. На ред за сведочење чека и водителката Лила Филиповска и шефицата на кабинет на Катица Јанева, Сања Димовска.

„Бојан го знам од дете, со мајка му сме пријателки од претшколска возраст, значи 50 години. Знам дека се занимаваше со проекти за ранливи категории граѓани, финансирани од ЕУ. Тоа се мои сознанија“, рече таа.

На прашањето на обвинителката Гордана Смаќоска како Јовановски купил станот во Орман, таа рече дека знае дека го купил од проекти.

„Летото во 2017, Бојан кажа дека е избран за претседател на Меѓународниот сојуз, по мои сознанија, имаше Собрание на кое присуствуваа видни луѓе, јас бев исто. Понатаму не знам. Мојот син пет години живее во Милано. Имаме патувано во Милано со мајка му на Бојан и во еден наврат и го дадов пасошот на мајка му за да и вратат такса за два производи“, рече таа.

Дика пред судот изјави дека Јовановски кога се вратил од Белград се врати изменет, а неговата финансиска состојба се подобрила.

„Претходно живееше со неговите, беа просечно македонско семејство”, рече таа.

Според пишувањата на медиумите, Дика Георгиевска и нејзината сестра Агапи Дика, вработена во скопскиот суд се наоѓаат на безброј фотографии со Боки 13 или со неговата мајка.

Агапи претседавала со Собранието на Меѓународниот сојуз, а судијката Дика Георгиевска ја има и на слики со мајката на Боки 13, која на предлог на СДСМ беше ставена за член во Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, а пото се повлече од функцијата.

Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, односно бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.

Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Русковска.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов