Предметот „Рекет”, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, денеска ќе продолжи со презентација на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. Според најавата, за денеска се предвидени да сведочат Сања Димовска, Агапи Дика, Лила Стефановска и Весна Костовска.
Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, односно бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.
Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Русковска.