АНАЛИЗА: Колкави се шансите Доналд Трамп да биде отповикан од функцијата претседател?

Од:

Во пресрет на претседателските избори во САД, трае процесот на импичмент на актуелниот претседател Доналд Трамп, но дали тоа беше очекувано?

Се разбира дека да.

Всушност, во доцните ноќни часови од кога Трамп беше избран за претседател на изборите во 2016 година, неговата легитимност беше доведена во прашање. Се уште ги паметиме изјавите на незадоволство од страна на Хилари Клинтон и нејзината Демократска партија кога ги повикуваа граѓаните да излегуваат масовно и да го изразат револтот на улиците ширум земјата. Таквите напади не прекинаа, на оганот се додаваше нов бензин, со различни тактики демократите ја напаѓаа администрацијата на Трамп, но се чини дека нападите не донесоа некакви промени кај електоратот.

Импичментот претставува легална постапка за отстранување од должноста на еден висок државен функционер кој во овој случај е актуелниот претседател. Уставот на САД предвидува дека претседателот би можел да биде отстранет од функцијата само со постапка за импичмент во три законски предвидени случаи: предавство, поткуп или други незаконски престапи.

Процесот на импичмент започнува од Претставничкиот дом кој е составен дел од Конгресот (САД има дводомен парламентарен систем). Во Претставничкиот дом за потврдување на импичментот е потребно просто мнозинство на гласови, што поборниците на кампањата за импичмент Чак Шумер и Ненси Пелоси го добија истото поради доминантното присуство на демократите во домот.

По поминувањето во првиот дом, предметот оди во вториот дом или Сенатот каде се води судски процес.

Во историјата на САД, само двајца претседатели дошле до оваа фаза кои патем биле демократи, се работи за претседателот Бил Клинтон (1999 година) и Ендру Џонсон (1868) кои  за жал или среќа ниту еден од нив не бил отстранет од престижната претседателска функција. Но да се навратиме на актуелниот процес.

Постапката на импичмент за Трамп дојде до втората фаза, каде законски е потребно мнозинство од две третини на гласови, познато како „двотретинско мнозинство“ за претседателот да биде отстранет од функцијата. Прашањето до кое доаѓаме е дали тоа реално е изводливо?

Доколку се потпреме на теоријата, да, тоа би можело да се случи, но практиката ни вели сосема нешто друго, а тоа е постоењето на многу мали шанси Ненси Пелоси и Демократите да ја добијат поддршката од две третини во Сенатот на САД и на тој начин Трамп да се збогува со функцијата.

Имено, од две објективни причини импичментот не може да помине:

Мнозинството претставници во Сенатот се од Републиканската партија, а тие беа (и барем до денес се) на страната на Трамп и според многу угледни истражувачки куќи како The Hill, Gallup, Vox, Politico и други, нивната поддршка кон Трамп варира од 88% до 94%.

По обвинувањата кон Трамп кои беа упатени и се уште се, околу наводната злоупотреба на неговата функција во случајот со Украина, а кој е поврзан со актуелниот демократски кандидат за претседател Џо Бајден, се очекуваше да се појави незадоволство од страна на републиканците, но наместо тоа, се случи спротивен ефект кој предизвика незадоволство во редовите на демократите (Џеф Дру, Џеред Фолден и Колин Петерсон гласаа против импичментот и истиот го нарекоа обичен циркус).

На седмиот ден од сослушувањето оддржан на 28 јануари, сите пријавени говорници не дадоа докази во Сенатот, повеќето од обраќањата беа воглавно убедувања без постоење на реална фактичка подлога.

За 29 и 30 јануари е закажана фазата на сослушување, а дури в петок ќе се оддржи дебатата во врска со сведочењата.

Како процесот доаѓа до заокружување на постапката, повеќето политолози и правни аналитичари сметаат дека Трамп нема да биде разрешен од функцијата претседател на САД. Една од најобјективните правни експерти Берит Бергер во вторникот гостувајќи на „NBS news“ таа јасно кажа: „ сите дејства на Трамп не се криминални ниту доволна причина за импичмент, туку се работи за натпревар на политики“. Исто така, таа додаде дека низ фазата на сослушување ќе се повторуваат истите реторики затоа што демократите не се согласни со политиките на републиканците и Трамп.

Останува да го видиме расплетот и крајот на овој историски настан за волја на демократијата и политичката коректност, но без големи очекувања освен ако демократите не презентираат доказ кој би го променил мислењето на републиканците при гласањето во Сенатот.

Би можело да ве интересира

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски