Еден од политичките советници на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Марков, ја обвини британската „тајна служба“ за смртта на рускиот олигарх и дисидент Борис Березовски.
Според Марков, некогашниот најбогат Русин и „влијателен човек на Кремљ“, е убиен од Британците „затоа што тие знаелеа дека Березовски сака да се врати во Русија“.
Марков тврди дека Березовски „знаел премногу за заговорите на Западот за да се поткопа власта на Путин“ и притоа открива дека рускиот олигарх „сакал да се пазари (со руските власти) околу неговото враќање“.
Според Марков, не треба воопшто да се има доверба во британските тајни служби. – Видете што тие направија во Либија и што прават сега во Сирија, вели Марков.
Тој отфрла секаква можноста за руска вмешаност во ненадејната смрт на Березовски, тврдејки дека Русија „нема специјални одреди за ликвидација“.
Изјавата на Марков доаѓа по заклучокот на паталогот на британскиот Хоум Офис дека Березовски починал од „задавување“, без притоа да посочки дали тој е убиен или извршил самоубиство.
Полицијата претходно соопшти дека нема траги од насилство, како и од радиоактивни, хемиски и биолоски супстанци во куќата каде беше најдено мртвото тело на Березовски.
Тој во саботата беше најден мртов во бањата на куќата на неговата поранешна сопруга Елена Башарова во реонот на Аскот, четириесетина километри западно од Лондон. Пријателите и блиските на Березовски сметаат дека тој не бил човек кој би можел самиот да си го одземе животот.
Според тврдењето на овие луѓе, Березовски бил „давен до смрт“ откако неговиот телохранител пет часа го оставил сам во куќата, додека разнесувал доверливи пораки.
Покрај мртвото тело на Березовски е пронајдена шамија, а поранешната сопруга Башарова изјави дека на неговиот врат забележала траги од давењето.