Ново судење на Американката осомничена за убиство на британска студентка во Италија

Од:

Италијанскиот Врховен суд денеска донесе одлука за одржување ново судење на Американката Аманда Нокс и на нејзиното поранешно момче Рафаеле Солисито, кои се осомничени дека пред шест годни во Перуџа, каде сите биле на студирање, ја убиле британската студентка Мередит Киркер.

Убиството се случи во 2007 година и италијанската полиција веднаш ги обвини Нокс, која живеела заедно со жртвата, и Солисито дека ја убиле Британката во една сексуална игра.

На судењето обајцата беа прогласени за виновни и осудени на 26, односно на 25 години затвор, но во 2011 година, Касациониот суд ја отфрли пресудата, поради сторени грешки со ДНК тестовите.

Нокс по излегувањето од затворот во кој помина четири години веднаш се врати во САД. Италијанското Обвинителство поднесе жалба на ослободувањето на Американката и на Солисито, која по две години, Врховниот суд ја прифати и наложи нов судски процес.

Британската јавност и посебно лондонските весници гневно реагираа на ослободувањето на Нокс, откако претходно сите ја прогласија за виновна, прикажувајки ја како „ладнокрвен убиец„ по големиот публицитет што му беше даден на убиството во Перуџа.

Во првата реакција, Нокс, која се наоѓа во Сиетл, изрази жалење поради решението на Врховниот суд во Рим. – Болно е да се слушне една ваква вест, изјави Нокс за американските медиуми.

Италијанскиот суд не може да и нареди на Аманда Нокс да се врати во Италија за биде одново судена, па малку е веројатно дека таа доброволно ќе се појави на судењето во Фиренца. Доколку таа биде осудена,тогаш Италија би можела да побара нејзина екстрадиција.

На одделен процес, судот во Перуџа пред две години го осуди студентот од Брегот на Слоновата Коска Руди Гаиди на 16 години затвор за сексуално насилство и нанесување повреди на Британката Киркер, но тој тврди дека нема никаква врска со убиството.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија