По повод 75 години од ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц-Биркенау, денеска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе се одржи проекцијата на филмот „Травники: училиште за џелати”.
Проекцијата на филмот е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.