Министерот Кралев на конференција за технологија во Обединетите Арапски Емирати

Од:

Министерот за образование и наука Панче Кралев и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Марта Томовска-Арсовска учествуваат на 25-тата годишнина на Високиот колеџ за технологија, седмиот  Саем за образование без граници и на петтиот „Festival of thinkers“ што се одржува во Обединетите Арапски Емирати.

– Министерот Кралев денеска ќе се обрати на панел-дискусијата „Наука, технологија, технка и математика (СТЕМ) образование: Иницијативи и предизвици“ (Science, Technology, Engineering & Mathematics (STEM) Education: Initiatives and Challenges), на која ќе ги презентира стратегиите кои Република Македонија, како земја во развој, ги презема за стимулирање на изучувањето на техничките науки, соопшти Министерството за образование и наука.

Панелистите ќе дискутираат на темите: Кои се пречките на понуденото ефективно СТЕМ образование за светско развивање и растење на новите економии; Како може да се охрабрат и да се вработат повеќе жени да влезат во СТЕМ професиите и да ги остварат своите соништа; Како можат универзитетите и светските коорпорации да склучуваат поефикасни партнерства за да се премости јазот помеѓу основните и пременетите истражувања.

МОН информира дека на дискусијата ќе учествуваат многу нобеловци, како Мохамед Ел Бардеи (добитник на Нобеловата награда за мир во 2005), Клаус фон Клитцинг (за физика, 1985), сер Харолд В. Крото (за хемија, 1996), Даглас Осероф (за физика, 1996) и потпретседателот за образование на корпорацијата Ејпл (Apple) Џон Коуч.

Кралев и Томовска-Арсовска се во дводневна работна посета на Емиратите на покана на шеикот Нахјан Мубарак Ал Нахјан, министер за култура, млади и развој на опшеството и ректор на Високиот колеџ за технологија.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски