Дипломатски претставници од 16 земји во Ирак, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Франција, ја осудија употребата на прекумерна сила од страна на ирачките безбедносни сили против демонстрантите и побараа темелна истрага за смртта на стотиците убиени од почетокот на октомвриските демонстрации.
„И покрај уверувањата од властите, безбедносните сили и вооружените групи продолжуваат да користат боева муниција, што резултира со убиство и ранување голем број луѓе.
Во исто време, некои демонстранти се злоупотребени, а некои киднапирани”, се вели во соопштението по настаните во Багдад, Насирија и Басра.
Странските претставници бараат Ирак да ја почитува слободата на организирање собири и правото на мирни протести.
Од Багдад е побарано да „гарантира веродостојна истрага и одговорност за смртта на околу 500 луѓе и на околу илјада ранети од 1 октомври“