Ромите и Африканците се меѓу најдискриминираните во ЕУ, покажуваат податоците на истражувањето на Европската мрежа против расизам, објавено во весникот „Либр Белжик“.
Истражувањето дава примери од Германија, каде на жени со шамии не им било дозволено да влезат во фитнес сала, како и од Франција, каде лекари одбиле лекување на луѓе заради нивното малцинско потекло.
Расизмот во Европа постои и тој е особено силно изразен кон имигрантите и странците од етничките малцинства, и се уште преовладува негативниот однос кон овие луѓе, се посочува во извештајот.
Според истражувањето, извршено во текот на последните две години во цела ЕУ, муслиманите се најзасегнати од дискриминацијата.
Најчесто претставниците на малцинствата не добиваат еднаков достап до јавните услуги, до правото на работа и на здравствена заштита.
Истражувањето како исламофобија ја оценува забраната за изградба на џамии, појавите на насилство и вандализам врз муслиманите. Особено често страдаат жените муслиманки, бидејќи тие предизвикуваат насилство врз себе заради својата карактеристична облека, посочуваат авторите на извештајот.
Мајкл Приво, директор на организацијата која го спроведе истражувањето, како причини за исламофобијата во европското опшество ги наведе атентатите во САД од 11 септември 2001 година и политичкиот говор, што ги следеше овие настани.
Тој забележува дека партиите, независно дали се крајни или умерени, се почесто говорат со јазикот на омразата против исламот и имиграцијата.