Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтерова скала ја погоди денеска провинцијата Фарс, во јужниот дел на Иран.
Државната телевизија не објави никакви информации за евентуална штета или жртви од земјотресот, што се случи во близина на градот Кане Зенијан.
Земјотресот бил почувствуван во Шираз и во околните градови.