Северна Кореја ја стави својата армија во состојба на зголемена готовност и им нареди на стратешките ракетни воени единици да се подготват за евентуални напади врз американски воени бази на територијата на САД и на тихоокеанските островите Гуам и Хаваи , соопштија севернокорејските медиуми, јави БТА.
Оваа одлука е донесена, откако американските бомбардери извршија нови летови, кои Северна Кореја ги протолкува кака закана.
– Од овој момент Врховната команда на Корејската народна армија ги стави во состојба на зголемена готовност сите артилериски воени единици, вклучувајќи ги и ракетните единици и артилеријата со голем дострел, се наведува во соопштението на корејските медиуми.