Фрчковска за вулгарните зборови на Јанева: Не се согласувам со испадите, но таа е револтирана

Од:

Адвокатката Ирена Фрчковска, која ја брани Катица Јанева во предметот „Рекет“ за однесувањето на нејзиниот клиент вели дека е последница на револт поради како што вели, сите работи кои и се случуваат. Фрчковска вели дека Јанева постапувала согласно нејзините законски надлежности и тука нема ништо спорно.

„Јас не се согласувам со таквите испади, но Катица Јанева е прилично револтирана, поради сите овие работи кои и се случуваат. Гледаме дека обвинтиелката Стефанова во јануари кажувала еден став, сега друг. По наш впечаток, работите се извртуваат, а во друг дел – во ред беше исказот“, рече Фрчковска.

Адвокатката на Јанева вели дека ексшефицата на СЈО немало незаконско постапување.

„Од исказот на Лиле денеска можевме да добиеме впечаток и да изведеме заклучок дека ниту едно дејствие на Јанева не било противзаконско, туку сите дејствија се согласно нејзините законски овластувања и можности. Во еден дел, исказот на обвинителката ќе даде појасна слика за пуштањето на Јордан Камчев од притвор, каде гледаме дека со него од притвор биле пуштени од притвор уште пет лица. Ние сме задоволни од исказот на Лиле Стефанова која потврди дека Катица Јанева не и се мешала, ниту сугерирала, ниту барала да не се работи предметот ‘Империја’. Јас сум убедена, а тоа и Лиле го потврди, дека се до април месец не ни знаела за колку лица се води предметот ‘Империја’ што пак, покажува целосна оставенсот обвинителката Лиле сама да го виде предметот“, посочи Фрчковска.

Во однос на изнесеното мислење од страна на Стефанова дека имало политичко влијание, Фрковска рече дека тоа ќе се расчисти со исказот на Јанева.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов