Балетската претстава „Есмералда“ со две изведби во НОБ

Од:

Националната опера и балет го најавува еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ – Чезаре Пуњи, овој пат со две изведби на 31. јануари и 4. февруари, со почеток во 20 часот.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе јас пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, додека костимограф е Љупка Ристовска.

Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (31.1), Васил Чичијашвили (31.1), Мими Поп Алексова Атанасовска (4.2), Бобан Ковачевски (4.2), Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија), Мирослав Митрашиновиќ, Марија Јосифовска Ристовска, Илијана Данилов, Саша Евтимова, Игор Веланоски, Балаж Лашеи (Унгарија), Ервис Кочеку (Албанија), балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска